Книгата се фокусира на три клучни сегменти за успешен трансфер на технологии, апсорпција и дифузија: човековиот капитал, технологии во јавниот сектор, како и технологии во приватниот сектор. Во рамките на овие сегменти, споредбеното истражување е спроведено на три нивоа: развиени земји, во развој, и Македонија. По спроведената трипартитна анализа (хоризонтално - човечки капитал , технологии во јавниот сектор и технологии во приватниот сектор; и вертикално - развиени земји, земји во развој и Македонија) , податоците се синтетизирани во препораки за креирање на ефикасни и ефективни политики (на макро и микро ниво) во доменот на човечкиот капитал , јавниот сектор и приватниот сектор на технологиите и развојот. Основните параметри генерирани од страна на истражувањето служат како основа за креирање на предлози за политики (како на макро така и на микро ниво) за успешен трансфер на технологии (ТТ): - Либерални трговски политики (компаративна анализа на успешни политики имплементирани од страна на примерок од земјите во развој, со фокус на Македонија); - Предлози за соодветни политики на права од интелектуална сопственост (компаративна анализа на успешни политики имплементирани од страна на примерок од земјите во развој, со фокус на Македонија); - Предлози за соодветни политики во насока на зголемување на учеството на квалитетна работна сила во квалитетот на вкупната продуктивност на фактори - ВПФ (компаративна анализа на успешни политики спроведени во примерок од земјите во развој, со фокус на Македонија); - Стимулирање на СДИ (компаративна анализа на успешни СДИ политики на примерок од земјите во развој, со фокус на Македонија); - Лиценцирање со цел на техничка трансформација и адаптивни инвестиции спроведени од страна на локалните фирми со цел воведување на лиценцирана технологија (анализа на фактори кои влијаат на технолошка апсорпција и дифузија ); - Одлив на умови; - Други инструменти на јавни политики, како што се механизми на фискалната политика, субвенции, диференцијација на цената на извозот, производи кои содржат права на интелектуална сопственост, итн.; Главните карактеристики на истражуваниот модел на книгата го постигаат следното: - Овозможуваат моделот да може да се користи за креирање политики / менаџмент на национално ниво; - Овозможуваат анализа на клучните варијабли, вклучувајќи ги карактеристиките на одредена технологија, како и човечките фактори. Главната претпоставка на моделот е дека при анализата на влијанието на ТТ методологијата што се користи за земјите во развој треба да се разликува од онаа методологија што се користи за развиените земји; - Претставуваат реален модел на страната на побарувачката на ТТ, вклучувајќи го и прашањето за билатерални бенефиции (технолошко учење и прелевање на ефектите врз националните компании); - Можат да се применат за проценка на различни технологии и во различни сектори, вклучувајќи услуги, производство, енергија, информатички системи и технологии во здравството. The book is focused on three crucial segments for successful technology transfer, absorption and diffusion: human capital, public sector technologies, and private sector technologies. Within these segments, the research is done comparatively on three levels: developed countries, developing countries, and Macedonia. After the tripartite analysis is done (horizontally - human capital, public sector, and private sector technologies; and vertically - developed countries, developing countries, and Macedonia), the data is synthesized into recommendations for the creation of efficient and effective policies (on macro and micro level) in the domain of human capital, public sector and private sector technologies development. The basic parameters generated by the research serve as a basis for the creation of policy proposals (both on macro and micro level) for successful technology transfer (TT): - Liberal trade policies (comparative analysis of the successful policies implemented by a sample of developing countries, focus on Macedonia); - Proposals for adequate Intellectual Property Rights (IPRs) policy (comparative analysis of the successful policies implemented by a sample of developing countries, focus on Macedonia); - Policy proposals aimed at increasing the participation of labor quality to total factor productivity - TFP (comparative analysis of successful policies implemented in developing countries, focus on Macedonia); - Stimulating FDI (comparative analysis of the successful FDI policies developed by a sample of developing countries, focus on Macedonia); - Licensing with an aim of technical transformation and adaptive investments made by the local firms in order implement the licensed technology (analysis of the factors influencing technology absorption and diffusion); - Brain drain; - Other policy instruments, such as fiscal policy mechanisms, subsidies, price differentiation of exports involving products that incorporate IPRs, etc.; The main features of the research model of the book achieve the following: - They can be used for policy making/management both at the national level; - They allow for analyzing crucial variables, such as the characteristics of a particular technology, the country involved, and human factors. The main assumption of the model is that when analyzing the impact of TT the methodology used for developing countries should crucially differ from the one used for developed countries; - They present a realistic model of the demand side of TT, including the issue of bilateral benefits (technological learning and spill-over effects on national companies); - It can be applied to the assessment of different technologies and in various sectors, including service, manufacturing, energy, information systems and health care technology